Полицајката од Аргентина која стана интернет-сензација откако подои напуштено бебе додека беше на должност доби унапредување за својот хуман гест.
Фотографијата како Ајала го дои бебето е снимена од нејзин колега и потоа споделена повеќе од 100.000 пати на социјалните мрежи.
-Таа не се двоумеше да реагира како мајка и не ѝ беше гајле дали бебето е валкано и лошо мириса. Тоа не се гледа често денес, напиша нејзиниот колега Маркос Хереида.
-Забележав дека е гладно, бидејќи ставаше раце во устата. Затоа прашав дали можам да го гушнам и нахранам. Тоа беше тажен момент и ми го скрши срцето. Вакви работи не треба да се случуваат, кажа Ајала.