дома Македонија Полицајците го paзубедија: Уcпeшно заврши спacyвачката акциja кај „Мавpoвка“

Полицајците го paзубедија: Уcпeшно заврши спacyвачката акциja кај „Мавpoвка“

Успешно заврши спасувачката акција во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Човекот, кој сакаше да се самоубие, скокајќи од тераса на станбена зграда, е спасен.

Полицијата успеа да го разубеди во неговата намера. Повеќе часови се преговараше со него. Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување.

На терен, покрај полицијата, имаше и екипи на Противпожарната единица на Град Скопје и на Брза помош.

Инфомакс неофицијало дознава дека скопјанецот се обидел да го одземе својот живот поради развод од сопругата.

Еден од најинтересните моменти беше кога тој побара албанско знаме кое го вееше од ивицата на зградата од која се закануваше дека ќе скокне.