Денеска Независниот синдикат на полицијата одржуa мирен мото марш низ улиците на Скопје и прес-конференција пред Влада на РМ.
Претседателот на НСП најави дека овој мото марш ќе биде сличен како одржаното движење во Струмица кој се случи во месец август оваа година, повикувајќи се на лошите услови во полицијата. Тие во барањето испратено вчера до Премиерот Зоран Заев и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, бараат итна средба за да разговараат за проблемите.
НСП вчера на официјалниот Facebook профил го најави мирниот протест и ги повика сите колеги без разлика на синдикалната определба да им се придружат.