дома Хроника Полициска акција во угостителски објекти во Тетово: Затекнати шест лица без сертификати,...

Полициска акција во угостителски објекти во Тетово: Затекнати шест лица без сертификати, објектите затворени

На 18 и 19 декември 2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во заедничка координирана акција со инспектори од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат, во содејство со Единицата за интервентна полиција е извршена контрола на осум угостителски објекти во Тетово.

Како што посочи портпаролот на Министерството за внатрешни работи Сузана Прањиќ Талевска, при контролата биле затекнати шест лица без сертификат за вакцинација и две лица без документи за идентификација.

– Од страна на Државниот пазарен инспекторат привремено се затворени два угостителски објекта, а од страна на Управата за јавни приходи се изречени пет глоби на пет угостителски објекти за неиздавање на фискални сметки, соопшти МВР.