дома Локално Полициска „жетва“ на маpиxуана кај Охрид: Во Рача запл енети 50 кг...

Полициска „жетва“ на маpиxуана кај Охрид: Во Рача запл енети 50 кг kанабис

Во координирана акција на Одделението за организиран кр иминал при МВР и СВР – Охрид, синоќа во 23:20 часот на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, во близина на населбата Рача сопрен е патнички автомобил, управуван од С.Л. (53) од Струга.

При проверка на возилото во багажниот простор пронајдени биле три патни торби со околу 50 килограми мар ихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници.

Во врска со случајот приведен е и С.И. (31) од Струга, кој управувал друг патнички автомобил. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.