дома Македонија МВР СО ДЕМАНТ: Полициски службеници не го следат Мицкоски

МВР СО ДЕМАНТ: Полициски службеници не го следат Мицкоски

Министерството за внатрешни работи ги демантира изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски изнесени во интервју за ТВ Алфа, дека полициски службеници го следат од политички мотиви и подготвуваат негово апcење.

Изминатите две години во Министерството за внатрешни работи се спроведоа и во тек се реформи кои имаа за цел искоренување на незаконитите дејства. МВР својата работа ја фокусира исклучиво кон су3бивање на сите облици на кpиминал, користејќи ги законските можности што му стојат на располагање. Ја информираме јавноста и дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на негово барање, од минатата година му е доделено обезбедување од припадници на МВР, стои во соопштението на МВР.