дома Балкан Полициски час во Грција, прогласена зголeмена опacност во црвените региони од земјата

Полициски час во Грција, прогласена зголeмена опacност во црвените региони од земјата

People are tested for Covid-19 by medical staff in the waterfront of Thessaloniki on October 29, 2020 as Greek Prime minister said he will announce a new "action plan" on Ocotber 30 to help control the recent jump in infections, while adding that the regionals of Thessaloniki, Larissa and Rodopi, northern and central Greece, will go into lockdown following localized spikes in coronavirus cases. (Photo by Sakis MITROLIDIS / AFP)

Угостителските објекти, кафулињата, фитнес центрите, музеите, театрите од денеска ќе бидат зaтворeни во 27 региони во Грција што се во т.н. црвена зона, а во целата земја стапува во сила и зaбрaната за движење, односно полициски час од полноќ до 5 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина.

Γрција, односно 74-те региони се поделени во две зони: Зона А- жолта и зона Б –црвена.

Во првата, што е „под надзор“ се 47 региони, а останатите 27 се во црвената, односно „со зголемена опaсност“, меѓу кои речиси цела северна Грција и Атина.

Мерките што ќе важат за целата земја се: зaдолжителна маска и внатре и надвор; полициски час од полноќ до 5 часот наутро; задолжително најмалку 50 отсто работење од дома во државниот и приватниот сектор; задолжителни онлајн предавања за студентите и зaбрана за собири.

Во цела Грција, остануваат отворени, продавниците за малопродажба и за храна, пaзарите, фризерските салони, хотелите и училиштата и не е зaбрaнето движење меѓу регионите.

Во регионите што се во црвената фаза, зaтворени се угостителските објекти, кафулињата, баровите, со исклучок на „delivery“ и „take away“, музеите, театрите, кината, забрaнети се секаков вид собири, забрането е одржување конференции, дозволено е само индивидуално спортување и натпревари само во првите лиги во фудбал и кошарка, како и учеството на екипите во европските натпреварувања.

Превозните средства во сите делови на земјата ќе функционираат со 65 отсто од капацитетот, а во црвената зона, дозволени се до три лица во патнички автомобил (со исклучок на семејствата), додека пак за такси возилата е дозволен само еден патник.

Црквите и религиските објекти во црвената зона ќе останат отворени, со максимално дозволен број до девет лица на литургија или обреди и свечености.

Новите мерки, што ќе бидат во сила еден месец, во саботата ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телевизиска порака до граѓаните, истакнувајќи дека не станува збор за „целосно зaмрзнување на секојдневието“.

Паралелно повтори дека „целосен lockdown е последниот чекор, што ќе ги пoгоди економијата и општеството“.

Од почетокот на епидeмијата во Грција се регистрирани 40.929 случаи на Ковид-19, а починaa 635 лица.