дома Политика ПОЛИЦИЈАТА АГИТИРА ВО СИНГЕЛИЌ: Во училиштето „25 Мај“ во Синѓелиќ полицијата отворено...

ПОЛИЦИЈАТА АГИТИРА ВО СИНГЕЛИЌ: Во училиштето „25 Мај“ во Синѓелиќ полицијата отворено агитира да се гласа за СДСМ!

Големо присуство на полицијата денес е забележано на сите избирачки места. Но, најголем дел од полицајците на терен не си ја вршат својата работна должност, туку делуваат како гласни активисти на СДСМ.

Имено, во училиштето „25 Мај“ во скопската населба Синѓечиќ општина Гази Баба, припадници на полицијата агитираат да се гласа за СДСМ.

Гласачи кои доаѓаат на избирачкото место за да го остварат своето право на глас, наидуваат на неколкумина полицајци кои ги убедуваат да го дадат својот глас на кандидатот на партијата на Зоран Заев.