дома Македонија ПОЛИЦИЈАТА ГИ ГОНИ НЕЛЕГАНИТЕ ТРКАЧИ: Спасовски се пофали на Твитер

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ГОНИ НЕЛЕГАНИТЕ ТРКАЧИ: Спасовски се пофали на Твитер

Оливер Спасовски на својот Твитер профил се пофали со полициската акција за сузбивање на дивите трки со мотори во Скопје.

Од полицијата велат дека , В=во периодот од 18.00 часот на 11.08.2018 до 01.00 часот на 12.08.2018 година од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделението за сообраќајно-ескортно обезбедување, била спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

-Од страна на полициски службеници привремно се задржани девет мотоцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед, се вели во соопштението.