дома Македонија ПОЛИЦИЈАТА ГИ МОБИЛИЗИРА РЕЗЕРВИСТИТЕ: На 17.ноември на подрачјето на СВР Скопје ќе...

ПОЛИЦИЈАТА ГИ МОБИЛИЗИРА РЕЗЕРВИСТИТЕ: На 17.ноември на подрачјето на СВР Скопје ќе се одржи редовна вежба за боево гаѓање на резервниот состав

Редовна есенска вежба на резервниот состав на полицијата ги вознемири граѓаните, откако неколкумина од повиканите на социјалните мрежи го објавија писмото со назнака „Мобилизација“

 

„Се работи за редовна годишна вежба, есенско гаѓање. Истата се одржува два пати годишно, и е чисто за одржување во кондиција на резервниот состав. Истата нема никаква поврзаност со протестите, туку е дел од програмата на МВР. Во касарната во Ѓорче Петров се повикани резервистите на ниво на СВР Скопје.“ – вели портпаролот на МВР Тони Ангеловски за „Инфомакс“.

Тајмингот на полициската вежба, ден пред најавените протести на 18. ноември во недела ги вознемири граѓаните да помислат дека се работи за некаква мобилизација за евентуален судир со демонстрантите.