Во координација со Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден откриена е поголема количина алкохол во правно лице во Кавадарци. По спроведување на акцијата најдени се над 9000 шишиња алкохол спакувани во количина од по 0,7 литри или 1 литар, кои немаат маркица за акцизи.
Управителот на правното лице, каде што се пронајдени шишињата алкохол, е лишен од слобода за да се испита и да се приберат информации за пронајдената стока.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде насоки и наредби за прибирање на податоци и потребна документација во предметот. Се преземаат и други дејствија со цел утврдување на фактите.