дома Македонија ПОЛИЦИЈАТА НАПРАВИ УПАД ВО ,,ПОВАРДАРИЕ“:Пронајдена е поголема количина на жолта лозова ракија,...

ПОЛИЦИЈАТА НАПРАВИ УПАД ВО ,,ПОВАРДАРИЕ“:Пронајдена е поголема количина на жолта лозова ракија, без етикети со бандероли, со назнаки за продажба преку фирмата „Вино Жупа“ од Република Србија

Во координација со Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден откриена е поголема количина алкохол во правно лице во Кавадарци. По спроведување на акцијата најдени се над 9000 шишиња алкохол спакувани во количина од по 0,7 литри или 1 литар, кои немаат маркица за акцизи.

Управителот на правното лице, каде што се пронајдени шишињата алкохол, е лишен од слобода за да се испита и да се приберат информации за пронајдената стока.

Акцијата продолжува и во Винарската визба „Поварадарие“, каде според првичните информации пронајдена е поголема количина на жолта лозова ракија, без етикети со бандероли, со назнаки за продажба преку фирмата „Вино Жупа“ од Република Србија, која е сопственик на Винарската визба „Повардарие“ од Неготино.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде насоки и наредби за прибирање на податоци и потребна документација во предметот. Се преземаат и други дејствија со цел утврдување на фактите.