Полицијата се cyдри со дeмонcтрантите: Mолотови kokтели, coлзавец и водени топoви на протестите против зaдолжителната вaкцинација во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови со вода, заврши протестот пред грчкиот Парламент во центарот на Атина против вакцината и против задолжителната имунизација, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентите започнаа кога демонстрантите почнаа кон полицијата да фрлаат предмети и шишиња, по што специјалните сили одговорија со солзавец и шок бомби, а тензијата од пред Парламентот се пренесе и по околните улици.

Полицијата интервенираше и со неколку цистерни со топови вода.

Како што јавува од терен дописничката на МИА од Атина, уапсени се најмалку две лица.

Денешниот протест беше организиран преку социјалните мрежи, од една страна од оние кои се целосно против вакцината и од друга од оние кои не се против вакцината, но не се согласуваат со задолжителната вакцинација.

Меѓу демонстрантите имаше и свештеници, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This