дома Македонија ПОЛИЦИЈАТА СЛЕДИ ЛУЃЕ НА ФЕЈСБУК: Секојдневно се повикуваат луѓе на информативен разговор...

ПОЛИЦИЈАТА СЛЕДИ ЛУЃЕ НА ФЕЈСБУК: Секојдневно се повикуваат луѓе на информативен разговор поради статуси на ФБ!

Полицијата продолжува да врши напад врз демократијата и слободната мисла во земјава. Се врши притисок врз граѓаните, симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ поради изразена желба или став на социјалните мрежи.

Човекот кој е повикан денеска на информативен разговор кај инспектор во Единицата за екомонски и компјутерски криминал на СВР Скопје поради тоа што на “Фејсбук” пишувал статуси со несогласување на актуелните политики на владата, а ја критикувал и владеачката партија.

Тоа го дознал од полициските службени лица кои му ја доставиле поканата и при тоа го опомениле да престане да пишува статуси на “Фејсбук”.

Со ова Македонија го допира апсолутното дно во укинувањето на слободата на говор и репресијата врз оние кои не се согласуваат со владеачката партија.