дома Македонија Полициckиот чac почнува уште од утре? – Ќе трae цeл Meceц –...

Полициckиот чac почнува уште од утре? – Ќе трae цeл Meceц – Bлaдaта oдлyчyвa денec

Филипче утринава до Главниот кризен штаб на Владата достави предлог од Комисијата за заразни болести за воведување полициски час на територијата на цела држава кој ќе почнува од 22 часот навечер до 5 часот наутро.

Овој предлог Владата треба да го разгледа на утрешната седница и да произнесе дали го прифаќа предлогот, кога ќе започне полицискиот час и колку време ќе трае.

Според неофицијални информации на Сител доколку утре овој предлог помине на владина седница тој ќе стапи на сила веднаш, односно утре од 22 часот и ќе трае најмалку еден месец.

Официјалните информации ќе ги има утре по завршувањето на седницата.