дома Актуелно Полициjaта го cлyшaла ceкој разговор на Kaмчев – За да знaaт кој...

Полициjaта го cлyшaла ceкој разговор на Kaмчев – За да знaaт кој e ce вмeшaн во „Меѓународен сојуз“ треба само да ги пpecлyшаат ПИ- мepките

На денешното сведочење во Кривичниот суд, сведокот во случајот „Меѓународен сојуз“, Орце Камчев истакна дека прв пат чул за невладината на Бојан Јовановски во месец, август- септември 2017-та година кога му биле понудени два проекти потпишани од синот на Катица Јанева, проекти кои доколку не ги прифател добил закана дека ќе оди во затвор.

Сите други информации кои ги имал поврзани со невладината на Бојан Јовановски ги добил од новинарката Оливера Трајковска која што детално била запознаена што се случува во „Меѓународен сојуз“ и кој се бил вмешан.

-Jaс единствени што знам кој што бил вклучен во „Меѓународен сојуз“ е од моите конверзации со Оливер Трајковска, бидејќи сум следен со ПИ-мерки можете да чуете се, од моја страна не знам само од нејзе сум слушал кога зборела навечер кој се бил вклучен во „Меѓународен сојуз“ кој што правел. Јас Меѓународен сојуз ви кажав кога го слушнав прв пат, а вие преслушајте ги ПИ-мерките и разговорите со Оливера Трајковска за да слушнете кој се бил вклучен, вели Камчев.