Полска гнeвнa пopaди извeштaитe дeкa пoзнaти личнocти пpви ja пpимилe вakцинaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обидот на Медицинскиот универзитет во Варшава да ја подигне светста за важноста од вакцинирањето против коронавирусот би можело негативно да се одрази врз репутацијата на оваа институција, бидејќи јавноста поставува прашање зошто познатите личности ја добиле вакцината пред ризичните групи.

Скандалот започна во четвртокот кога Медицинскиот универзитет во Варшава објaви дека примил дополнителни 450 дози од вакцината против Covid-19 чијшто рок на траење истекува точно на полноќ на Нова година.

Универзитетот одлучил брзо да ја искористи вакцината, а истовремено да ја зголеми свесноста за важноста на вакцинирањето, така што ќе инокулира 300 вработени.

Другите 150 дози биле распоредени на членови на семејствата на вработените, на некои пациенти и на 18 „познати личности од светот на уметноста и културата“. Тие славни личности редум го прифатиле предлогот да бидат своевидни амбасадори на програмата за вакцинирање.

Портпаролот на универзитетот не сакал за полската службена новинска агенција PAP да ги открие имињата на познатите личности.

Меѓутоа, шансите познатите лица поради тоа и преку врски да го прескокнат редот и да се вбројат меѓу првите приматели на вакцината ја разгневи полската јавност. Вакцини, како и во други земји во ЕУ и во светот, нема доволно и повеќето држави разработија планови за имунизацијата давајќи им предност на ризичните групи граѓани и на медицинскиот персонал. Според полскиот план, први треба да се вакцинираат медицинските работници.

Полскиот министер за здравство Адам Недзелски најави проверки и изјави дека непочитувањето на процесот би било апсолутно неприфатливо, и во петокот порача дека одговорните лица ќе понесат одговорност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This