Владеачката партија во Полска, десничарската Право и Правда, победи на изборите за Европскиот парламент со освоени 42% од гласовите. За споредба, на изборите во 2014 година партијата освои 32% од гласовите.
Новата партија Пролет на Роберт Бидрон, доби 6% од гласовите.
Иднината на Полска допрва ќе се одлучува на националните избори кои треба да се одржат на есен.