дома Европа Полска: 13 милиони долари kaзна за социјалните мрежи кои блokираат објави или...

Полска: 13 милиони долари kaзна за социјалните мрежи кои блokираат објави или отcтрануваат објави

Полскиот министер за правда Збигњев Зиобро предупреди денеска дека на социјалните мрежи што ги отстрануваат објавите за кои сметаат дека се навредливи, им се заканува парична казна.

Полските владини претставници го осудија деактивирањето на профилот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп на социјалните мрежи и објавија дека нацрт-законот, кој беше подготвен, ќе ги направи незаконски технолошките компании да преземаат слични чекори во таа земја, објави претходно Гардијан.

Според Ројтерс, владејачката полска партија Закон и правда тврди дека големите технолошки компании вршат „опасно ниво на контрола“ врз јавната дебата, цензурирајќи ги мислењата што не се во согласност со нивните „либерални погледи на светот“, пренесува Ројтерс.

„Ние ставаме акцент на сферата на слободата“, рече Зиобро на прес-конференција, додавајќи дека законот нема да ја исклучи можноста за отстранување на објави или блокирање на сметки, но компаниите ќе бидат спречени да блокираат индивидуални изјави или да ги бришат корисничките сметки доколку не се согласат.

Како што се наведува, корисниците ќе можат да се жалат до Советот за слобода на говорот, а доколку социјалните мрежи блокираат сметки или отстранат објави што не го кршат полскиот закон, ќе треба да платат казна до 13,35 милиони долари.

Во средата, полскиот премиер Матеуш Моравиески на Фејсбук напиша дека цензурата на социјалните мрежи не треба да се толерира и рече дека социјалните мрежи треба да му служат на општеството, а не на нивните „моќни сопственици“, пренесува Танјуг.