дома Свет Помпео: Бајден e cлaб штoм нe мoжe дa oдpжи пpec зaeднo co...

Помпео: Бајден e cлaб штoм нe мoжe дa oдpжи пpec зaeднo co Путин

Американскиот претседател eо Бајден покажа слабост не изразувајќи подготвеност да одржи заедничка прес-конференција со рускиот претседател Владимир Путин по претстојниот самит во Женева, изјави поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео за „Фокс њуз“.

„Фактот дека тој не може да издржи на 1,8 или 2,4 метри од противникот и да му каже на светот за што разговарале, што е важно за вас, зошто е важно за вас, е знак на неверојатна слабост“, објасни поранешниот американски државен секретар.

„Не смееме да заборавиме дека сето ова го набљудува претседателот Ким Јонг Ун или Ајатолахот (Иран) или Си Џинпинг…“ вели Помпео според кој „Ако не сте подготвени едноставно да излезета на подиумот и да одговорите на прашања од печатот, што може да биде тешко, може да биде комплицирано кога вашиот противник е подготвен, тогаш ова е неверојатен знак на слабост“.

Поранешниот државен секретар е уверен дека Путин ќе пристигне на самитот „целосно вооружен“.