дома Свет Помпео ја разбесни Турција

Помпео ја разбесни Турција

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, се сретна денес со Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на неговиот краток престој во Турција, што ги разбесни турските власти и за време на кој не беше организирана средба со никој од нив.

Помпео, кој за време на турнејата ќе посети седум земји во Европа и Блискиот исток, објави фотографии на Твитер со патријархот Вартоломеј по посетата на Цариградската патријаршија.

Тој додаде дека патријархот Вартоломеј, „како (духовен) водач на православниот свет“, е клучен партнер во време кога САД продолжуваат да ја застапуваат верската слобода низ целиот свет.

Тој исто така имаше средба со Апостолскиот нунциј во Турција, архиепископот Пол Расел, а беше и во посета на Рустем Пашината Џамија.

Според него, тема на разговор треба да биде верските слободи во Турција, што ја разбесни Анкара и ги охрабри официјалните лица да го повикаат Вашингтон да се фокусира на кршењето на човековите права во САД.

Минатата недела Турција остро ги критикуваше плановите на Помпео и рече дека Вашингтон треба „да се погледне во огледало“ и да решава прашања како расизам, исламофобија и злосторства од омраза.