Помпео: Јacнo e дeкa Русија cтoи зaд хaкepcкитe нaпaди нa САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека е јасно дека Русија стои зад хакерските напади врз САД оваа недела, што еден американски официјален претставник ги опиша како „најлошите во историјата на таа земја“.

Помпео, за време на синоќешното интервју изјави дека верува оти Русија стои зад хакерските напади на десетици федерални агенции и компании, вклучувајќи ја и компанијата за кијбер безбедност FireEye.

Говорејќи на „Марк Левин шоу“, Помпео рече дека напорот е „прилично јасно“ поврзан со Русија.

-Не можам да кажам многу повеќе бидејќи сè уште утврдуваме прецизно што е тоа, и сигурен сум дека дел од тие информации ќе останат класифицирани, рече Помпео. – Ова беше многу значаен напор и мислам дека сега можеме да кажеме прилично јасно дека токму Русите се занимаваа со оваа активност.

На прашањето дали претседателот Доналд Трамп ќе зборува за време на истрагата, Помпео рече дека понекогаш „помудриот начин на дејствување за да се заштити американскиот народ е мирно да се занимавате со вашата работа и да ја браните слободата“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This