дома Свет Помпео oдби да го прими косовскиот претставник за дијалогот меѓу Белград и...

Помпео oдби да го прими косовскиот претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина

Американскиот државен секретар Мајк Помпео одби да се сретне со координаторот за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Скендер Хисени, според дипломатски извори во Вашингтон, пишува Лајми, пренесува РТС.

Скендер Хисени во неделата отпатува за Вашингтон за да разговара со американските власти за иднината на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Но, првиот човек на американската надворешна политика одби да се сретне со Хисени, според Лајми.

Според медиумите, Соединетите држави имаат за цел да дадат нов импулс и енергија на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со директен ангажман на самиот Доналд Трамп, кој испрати две писма во кои ги повикува косовскиот претседател и српскиот претседател да постигнат договор.
Трамп исто така назначи специјален пратеник за дијалог. На ова се спротивставија земјите од Европската унија, кои инсистираа дијалогот да биде посредуван од нив, и покрај тоа што процесот беше одолговлечен подолго време заради недоволно ангажирање на земјите членки, пишува Лајми.

утрово приштинскиот „Коха“ рече дека средбата со Помпео не е планирана и дека Хисени ќе се сретне само со специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, иако Хисени по пристигнувањето во Соединетите држави изјави дека ќе се сретне со двајцата американски претставници.