Понесете си чадор – денес пороен дожд, од утре снег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Метеоролозите за денес најавуваат облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови.

На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималните дневни до 14 степени.

Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови. До крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови, каде врнежите најдолго ќе се задржат. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повисоките места, како и на некои пониски места во источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 7 степени, а дневните од -1 до 8 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This