дома Актуелно ПОНИЖУВАЊЕ НА ВАШИНГТОН: Путин испорача неверојатен ултиматум до САД, по повод нуклеарните...

ПОНИЖУВАЊЕ НА ВАШИНГТОН: Путин испорача неверојатен ултиматум до САД, по повод нуклеарните закани!

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин со ултиматум ја отфрли американската нуклеарна закана

Следејќи ја уредбата на претседателот на Руската Федерација за поништување на договорот на Русија со САД за уништување на плутониумот од оружјето и поднесувањето на одговарачките предлози на законите во Државната дума, во медиумите се појавија спорови во врска со тоа дали сето ова е поврзано со прекинот на Сирискиот договор.

Друг каен на сопнување е прашањето: Зошто Русија, кога знаела дека САД не го исполниле својот дел од договорот, тек сега реагира, по неколку години, се прашува Ростислав Ишченко за РИА Новости.

Некои нуклеарни експерти тврдат дека договорот бил корисен за Русија. Можеби. Секој кој не е експерт во оваа област тешко е да каже колку е објективна оваа оценка. Дотолку повеќе, она што е корисно со принципите на нуклеарната индустрија, можеби е неповолно од гледна точка на безбедноста.

Во принцип, изгледа дека немало некои посебни безбедносни проблеми. Русија има доволно нуклеарен арсенал со кој може да нанесе смртоносен удар на Америка. И Вашингтон тоа добро го знае. Исто така има и голема количина на материјали за изработка на нови боеви глави. Во случај на нуклеарен напад во својот полн обем, производството на друга серија на оружја веќе би била излишна, но и физички невозможна. Вистинскиот проблем би бил сочувување на остатокот од цивилизацијата, барем на ниво на каменото доба.

Што се однесува на Сирија, ова не е прв пат, и не само во Сирија, САД да склучат договор само за да го пореметат нивното остварување, а потоа да склучуваат одново. Формата на руската реакција очигледно не може да се спореди со Вашингтонското јавно одбивање на соработка, што, всушност треба да се направи.

За да ги разбереме размерите на овој инцидент, неопходно е да се обрне внимание на фактот дека Путин, не едноставно ја изема Русија од договорот. Тој најави можност за нејзино враќање, но доклку се исполнат одредени услови.

Да ги видиме условите:

  1. САД мора да ги прекине санкциите против Русија
  2. Треба да платат отштета не само за губитоците предивикани од американските санкции, туку и за губитокот на настанатите руски-контрасанкции
  3. Треба да се поништи Магнитскиот закон, со кој е замрзнат имотот на руски поединци
  4. Военото присуство на САД и НАТО во Источна Европа треба да се намали на ниво од септември 2000 година
  5. САД треба да ја отфрли својата политика за конфронтација со Москва

Само една рченица се вклопува во одредувањето на Путиновиот закон – ултиматум.

Колку што се сеќаваме, последен пат кога Вашингтон доби ултиматум тоа беше од страна на Велика Британија по прашањето за инцидентот Трент. А, тоа било во 1861 година, за време на американската граѓанска војна. Дури и тогаш, во исклучително тешки услови, Америка прифатила делумно да ги исполни британските барања.