Поништeно гласањето на едно избирачко место во Штип поради вишок на гласачки ливчиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборите во Штип на кои владејачката СДСМ, прогласи победа сепак не поминале без регуларности. Државната изборна комисија регистрирала изборна неправилност во избирачкото место 2266, затоа што имала едно ливче повеќе  од потписи во изводот од Избирачкиот список, и тоа избирачко место се прогласува за поништено.

Како што беше соопштено членовите на Комисијата после пребројувањето на гласачките ливчиња и утврдиле дека навистина има едно ливче повеќе. ОИК и ИО ја утврдиле фактичката состојба.

Членовите на ДИК не го прифатија предлогот на Елизабета Постоловска, член на ДИК, за разрешување на Избирачкиот одбор и на Општинската изборна комисија поради вишок ливче во ИО 2266.

Јанакие Витановски оцени дека гласањето не влијае на резултатите од гласањето во Штип и дека ОИК и ИО ги имаат преземено сите дејствија.

Постоловска исто така имаше забелешка и за семејно гласање на едно гласачко место во Штип и намерно прикривање од страна на ОИК Штип. Иако бил побаран записникот за настанот, до денеска не бил доставен до ДИК.

ДИК на седницата го прифати Правилникот за критериумите за определување на надоместок за членовите на иборните органи и изборната администрација, само што овој пат средствата треба да бидат исплатени од локалната самоуправа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This