дома Актуелно Пописот се уште нe е одложен, ќе оди пред Комисија каде oдлoжyвaњeтo...

Пописот се уште нe е одложен, ќе оди пред Комисија каде oдлoжyвaњeтo ќе го блokиpa албанската oпoзициja

Законот за одложување на пописот попладнево го помина дневниот ред, а утре и задутре се очекува законот да ги помине и комисиските филтри. Најнапред во комисијата за политички систем а потоа и во комисијата за европски прашања.

Поради најавите за филибастеринг -амандманско блокирање – на законот за одложување на пописот од страна на Алијанса за Албанците и Алтернатива, законот доби и европско знаменце, што значи дека и покрај големиот број на амандмани кои ги најавија од албанската опозиција, законот ќе мора да ги помине комисиските филтри во рок од два дена, колку што е дозволена и максималниот тајминг за дискусија за закони со европско знаменце.

Ваквиот закон за одложување на пописот, викендов би можел да се најде пред пратениците на пленарна седница, кога се очекува да биде и изгласан и со тоа и официјално пописот закажан за овој месец да се стави ад акта, а да биде презакажан за 5.септември согласно политичкиот договор кој го постигнаа лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Иако согласно актуелниот закон, пописот е веќе започнат, на терен нема никакви активности бидејќи опремата за попишување е одземена од попишувачите со образложение дека се работи на надоградба на софтверот за попишување.

Од Алијанса за Албанците за Инфомакс.мк изјава даде генералниот секретар Арбен Таравари, кој ги потврди најавите за блокада на законот за одложување на попис се додека парламентарното мнозинство не постигне договор со нив во врска со предложениот закон за државјанство.