дома Македонија Попишувачите денеска останале дома

Попишувачите денеска останале дома

Попишувачите денеска повторно не излегле на терен за да ја спроведат статистичката операција, јавува „Плусинфо“. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за порталот кратко изјавил дека не може да даде повеќе детали зошто попишувачите останале дома.

– Не можам ништо да ви кажам. Ве молам да не ме прашувате ништо во врска со пописот. Во моментов сум на состанок и наскоро ќе добиете соопштение од Владата – изјави Симовски.

Статистичката операција успешно течеше сè до вториот ден кога попишувачите мораа да ги исклучат компјутерите поради технички проблеми со апликацијата. Симовски тогаш рече дека се работи за глобален проблем со интернетот, а потоа истакна дека апликацијата има „багови“ и дека се работи на нивно отстранување.

Пописот е предвидено да заврши на 30 септември, а досега се попишани околу 190.000 граѓани.