дома Балкан ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ И ОДРОНИ: Страшно невреме во Словенија остави пустош зад себе

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ И ОДРОНИ: Страшно невреме во Словенија остави пустош зад себе

Големо невреме проследено со град ги зафати денеска попладне северните и североисточните делови на Словенија, а во текот на ноќта, според метеоролошките прогнози, ќе се прошири и низ поголемиот дел од земјата.

slovenija-1

 

Словенечката Државна управа за заштита и спасување јави за поплави, одрони на земјиште и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Шентиљ, додека во Марибор покрај поројниот дожд паѓал и град. Погледнете ги штетите што невремето ги направило таму.