дома Македонија ПОПЛАДНЕВО: Регистриран зeмјотрес од трети степен во Штип

ПОПЛАДНЕВО: Регистриран зeмјотрес од трети степен во Штип

3eмјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,7 степени е регистриран попладнево во 13 часот и 19 минути во регионот на Штип.

Зeмјотресот е почувствуван од населението во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на зeмјотресот бил на 77 километри југоисточно од Скопје.