дома КОВИД-19 (Коронавирус) Пополнети сите кревети на Инфekтивното одделение во Велес

Пополнети сите кревети на Инфekтивното одделение во Велес

Во велешката Општа болница има вкупно хоспитализирани пациенти 71, од кои 61 потврдени позитивни, седум сомнителни и тројца со негативни тестови. Од нив 31 пациент се на кислородна поддршка, информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, пренесува ТВ21.

Бројот на пациенти варира, вчера биле 72, завчера 67, а на 4- ти декември биле 61 пациент.

На Инфективно одделение со 54 пациенти е полно, слободни места има на Физикално одделение кое е второ Ковид одделение каде моментално се сместени 13 пациенти, а има 25 кревети.

На Интерно Б крак каде се лекуваат пациенти со последици по прележан Ковид моментално се сместени четворца пациенти, информира д-р Неделковска Николова.