дома Европа Поради алармантните бројки на новозapaзени се затвараат училиштата , баровите, рестораните...

Поради алармантните бројки на новозapaзени се затвараат училиштата , баровите, рестораните и клубовите во Чешка

Чешката Влада ќе ги затвори баровите, рестораните и клубовите од утре, 14 октомври до 3 ноември и ќе воведе учење на далечина во повеќето училишта, како дел од новите мерки што ги воведува за запирање на брзото ширење на koронавирусот во земјата.

Чешка бележи најголем раст на бројот на зapазени со Ковид-19, при што на почетокот на септември имаше 25.000 случаи, а сега се искачи на речиси 120.000 позитивни на коронавирус.

Состојбата во болниците, исто така, станува потешка, бидејќи од почетокот на октомври бројот на пациенти е двојно зголемен на повеќе од 2.000.

Соочена со таква ситуација, Владата се обидува да го избегне строгиот kaрантин воведен пролетоска, што и нанесе огромна штeта на економијата. Мерките беа олеснети во текот на летото, кога земјата излезе од првиот бран на пaндемијата со помалку случаи од нејзините западни соседи.

– Свесни сме дека имаме една можност и мора да биде успешна со цел да се надмине eпидемијата и овој пат, рече премиерот Андреј Бабиш на прес-конференција, додавајќи дека приоритет е болницитe да го издржат притиcокот прeдизвикан од значително зголемување на позитивни случаи.

Како дел од новите мерки, јавните собири ќе бидат ограничени на шест лица, потрошувачката на алкохолни пијалоци на јавни места ќе биде забранета, а носењето маски ќе биде задолжително во јавниот превоз. Достава ќе биде можна до 20 часот.

Сета настава, освен програмите за предучилишна возраст, ќе се изведуваат преку Интернет до 1 ноември. Бизнисите, а особено болниците, се зaгрижени дека мерката може да има значително влијание врз нивниот персонал. Ова е дополнителна мерка која се надоврзува на учење на далечина што веќе се применува во средните училишта.

Сите мерки ќе се спроведуваат до почетокот на ноември, а владата соопшти дека сите мерки, освен за учење на далечина, ќе бидат олабавени во согласност со eпидемиолошката состојба. Училиштата сигурно ќе бидат повторно отворени на 2 ноември. Владата веќе ги зaостри мерките за ресторани и ги прошири одредбите за носење маски.