ВМРО-ДПМНЕ ги информира граѓаните дека ќе биде продолжен рокот за аплиицирање за Претседатели и членови на партиски комисии и совети.
Официјално соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
Поради големиот интерес за конкурсот кој го објавивме за аплицирање за Претседатели и членови на партиски комисии и совети, Ве известуваме дека рокот за аплицирање е продолжен до 30.06.2017 година.
Вашите кандидатури и апликации можете да ни ги доставите во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Плоштад ВМРО, Палата Д-р Христо Татарчев бр. 1) или електронски на следниот е-маил: konkursivmrodpmne@gmail.com.