дома Македонија Поради грaдежни работи изменет рeжим на сообраќај на патниот правец Кичево –...

Поради грaдежни работи изменет рeжим на сообраќај на патниот правец Кичево – Охрид

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на 30.10.2020 (петок), ќе се започне со изведување на градежни работи поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.