Поради гaфовите и гpeшките конгресмени бараат Бајден да направи тест за koгнитивно нapyшување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот лекар на Белата куќа, конгресменот Рони Џексон го повика претседател Џо Бајден неизоставно веднаш да направи тест за когнитивно нарушување, велејќи дека „менталниот пад“ и заборавност на американскиот челник станале позабележителни.

„Американскиот народ …. заслужува да знае далии тој или таа (претседателот на САД) може да ги извршува обврските како шеф на државата и врховен командант… За да го постигнеме тоа, ве повикуваме веднаш да направите когнитивен тест“, се истакнува во писмото на конгресменот Џексон објавено на официјалната веб-страница на поранешниот главен лекар на Белата куќа.

Писмото го потпишале и уште 13 републикански конгресмени. Тие инсистираат демократот Бајден да го следи примерот на својот републикански претходник на претседателската должност Доналд Трамп, кој се подложи на слично тестирање.

„За жал, вашиот ментален пад и заборавноста станаа позабележителни во текот на изминатите 18 месеци“, се додава во писмото, во чиј прилог се наведени бројни примери на гафови и грешки коишто претседателот Бајден ги направил во текот на неговите говори или настапи на јавни настани.

Претходно американските медиуми, повикувајќи се на службата за односи со јавноста на Белата куќа, објавија дека американскиот претседател Бајден ќе биде подоложен на рутински систематско физичко-медицински преглед подоцна годинава.

Наспроти преовладувачкото мислење во американската јавност кое ги проблематизира когнитивните способности на Бајден, во четвртокот ден по нивната средба на врвот во Женева, рускиот претседател Владимир Путин во текот на еден јавен настан рече дека сликата во медиумите која се создава за американскиот претсседател не е сосема веродостојна и дека концентрацијата и однесувањето на Бајден е сосема во ред и оти тој ништо не пропушта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This