Поради интензивни врнежи од снег воведена забpaна за тешки товарни возила во делови од земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забрана за тешки товарни возила поради интензивни врнежи од снег е воведена изутринава во 4,50 часот на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Стража.

Како што соопшти АМСМ од 3,45 часот на патниот правец Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
На 15 декември од 10 часот, патниот правец с. Балван – с. Таринци кај мостот на реката Брегалница, поради безбедност за учесниците во сообраќајот е затворен за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинскиот премин Стража и на Маврово, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This