дома Европа ПОРАДИ КOBИД-19: Oдложeна е најголемата велосипедска трка Тур Д’Франс

ПОРАДИ КOBИД-19: Oдложeна е најголемата велосипедска трка Тур Д’Франс

Најголемата велосипедска трка во светот, Тур Д’Франс, очекувано нема да биде возен во закажаниот термин. Причина за тоа е продолжување на забраната на групните собири во Франција.

Претходната забрана беше до 11 мај, но таа поради лoшaтa ситуација со Koвид-19 е продолжена до средината на јули. Тоа значи дека трката нема да почне на 27 јуни и да заврши на 18 јули, како што се очекуваше.

Организаторите на трката околу Франција одбија да се возат делови од трката без навивачи бидејќи тоа било спротивно на традицијата на најпознатата трка.

Според светските медиуми, новите датуми за одржување на трката се од 29 август до 20 септември.