дома Македонија Поради магла намалена видливост од 10 до 20 метри во делови од...

Поради магла намалена видливост од 10 до 20 метри во делови од земјата

Намалена видливост поради магла има на патниот правец Маврови Анови – Бунец и на патот Тетово-Лисец.

Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека видливоста на патот Маврови Анови-Бунец е од 10 до 20 метри, а на патот Тетово-Лисец до 20 метри.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.