дома Македонија ПОРАДИ ОВА СИ ЗАМИНУВААТ МЛАДИТЕ: Ни куче да врзеш ни дете да...

ПОРАДИ ОВА СИ ЗАМИНУВААТ МЛАДИТЕ: Ни куче да врзеш ни дете да пуштиш – во училиштата во Македонија на децата им се нудат вакви услови

На социјалните мрежи се споделуваат слики од страшните услови, односно рушевини од тоалети во Основното училиште „Александар Здравковски“ во Јегуновце.

Постот го пренесуваме во целост:

Уште што ли треба да се случи за конечно власта да почне да се грижи за најзначајната категорија во оваа земја – учениците?!

Во сезоната на појавување на вируси и инфекции, наставниците и учениците од ООУ „Александар Здравковски“ Јегуновце немаат каде да извршат физиолошки потреби и да ги измијат рацете, бидејќи нема тоалети и нема вода!

Зарем за основните животни потреби граѓаните треба да чекаат да се најават избори, па некој да се сети дека постојат и да изглуми дека се грижи за нив?!

И затоа што „Зборот е збор“, наставниците и вработените беа оставени на немилоста на власта и наместо да се фокусираат на наставата и да се натпреваруваат во знаења, тие се осудени во секој момент да внимаваат да не им се налепи некоја бактерија или недај беже, посериозна болест!

Овој ли е тој ваш успешен европски модел за квалитетно државно образование?

Ете затоа заминуваат младите!