дома Локално Поради реконструкција на улицата Ацо Шопов, привремен сообраќајен режим во Влае

Поради реконструкција на улицата Ацо Шопов, привремен сообраќајен режим во Влае

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од денеска поради изведување градежни aктивности за реконструкција на коловозот на улицата Ацо Шопов која се наоѓа помеѓу населбите Влае и Злокуќани во општина Карпош.

Сообраќајот ќе биде пренасочен на потегот од крстосницата со булевар Партизански одреди до крстосницата со булевар Илинден и ќе биде воведен привремен режим на сообраќај.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.