дома Македонија Поради ширење лажни вести за коронавирусот, блokиран твитер профилот на Доналд Трамп...

Поради ширење лажни вести за коронавирусот, блokиран твитер профилот на Доналд Трамп џуниор

President-elect Trump and his son Donald Trump Jr. at a news conference at Trump Tower in New York on Jan. 11. MUST CREDIT: Washington Post photo byJabin Botsford

Твитер на синот на американскиот претседател Доналд Трамп џуниор, му го ограничи пристапот на неговиот профил на оваа социјална мрежа, по проценката дека со негова објава ги нарушил прописите за сузбивање на дезинформациите поврзани со болеста на ковид-19.

На најстариот син на претседателот Доналд Трамп, пристапот на Твитер му е забранет во траење од 12 часа, откако тој вчера објавил видео на кое лекари зборуваат за употребата на лекот хидроксиклорокин.

Видеото го отстранија и Фејсбук и Алфабет во сопственост на Јутјуб по милиони прегледи, а се поради кршење на правилата за забрана на ширење дезинформации за коронавирусот.

И претседателот на САД ја презеде објавата на спорното видео, обвинувајќи го докторот Ентони Фаучи, кој е водечки американски инфектолог, како и приврзаник на Демократската партија, за оспорување на употребата на хидроксиклорокин во лекувањето на заразените со ковид-19.

извор: Makfax