дома КОВИД-19 (Коронавирус) Поради kapaнтинот пoчинaлe 1.000 лица во Велика Британија

Поради kapaнтинот пoчинaлe 1.000 лица во Велика Британија

Карантинот воведен поради корона вирусот убил над илјада луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или избегнувале да одат во здравствените установи плашејќи се да не се зараза, открива официјален документ на британската влада.

Од корона вирусот, според официјални податоци, починале 46.000 луѓе во Велика Британија. Меѓутоа, последиците на карантинот кој е воведен со цел спречување на ширењето на епидемијата исто така се драматични, покажува документот на владината Научна советничка група за итни состојби.

Според тие податоци, на три починати од корона вирус, следат две предизвикани од последици на карантинот, пренесува британски Телеграф.

До почетокот на мај, како што се наведува во документот, во Британија починале 16.000 луѓе кои не можеле да добијат соодветен лекарски третман, додека 6.000 починале бидејќи не се јавиле на лекар плашејќи се да не се заразат со вирусот.

Податоците на Министерството за здравстви и Националното биро за статистика покажува дека починале уште 10.000 луѓе кои се отпуштени од болница за време на пандемијата.

Советничкото тело на британската влада прогнозира дека уште 26.000 луѓе би можеле да ги загубат животите во наредните месеци поради мерката карантин и рестрикциите во здравството.

Како позитивна страна во крантинот, според документот, се наведува тоа што, благодарение на истиот, спасени се 2.500 животи кои би биле загубени како последици од несреќи, загадување и други причинители.