дома КОВИД-19 (Коронавирус) Поразителни бројки: 14 здравствени работници и пет бремени жени починале од ковид-19...

Поразителни бројки: 14 здравствени работници и пет бремени жени починале од ковид-19 во Македонија

Од случаите на корона вирус кои се епидемиолошки истражени (n=46.822; 68,5%), пријавени се 328 (0,7%) случаи кај бремени жени, од кои 54 биле хоспитализирани во текот на болеста, покажува анализата на Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 95 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=46.822; 68,5%), регистрирани се 2.497 (5,3%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се пет смртни случаи кај бремени жени и четиринаесет смртни случаи кај здравствени работници, објави ФОКУС.