дома Занимливости Пораката со која Новак Ѓоковиќ ги разнежни своите следбеници: „Те сакам, аморе!“

Пораката со која Новак Ѓоковиќ ги разнежни своите следбеници: „Те сакам, аморе!“

Јелена и Новак Ѓоковиќ се во брак цели шест години, а нивната љубов постојано наидува на воодушевување кај следбениците. Тие си се поддршка еден на друг долги години, а својата љубов повторно ја покажаа по повод роденденот на госпоѓата Ѓоковиќ.

Имено, најдобриот тенисер и’ го честита роденденот на саканата сопруга, која наполни 34 години, а емотивните зборови што и’ ги упати им се допаднаа на голем број негови следбеници.

Те сакаме, аморе! Ти благодарам што си му целосно посветена на семејството и што неизмерно сакаш и даваш поддршка кога е најпотребно. Благодарен сум што те имам во животот како партнер и сродна душа“, напиша Новак на својот инстаграм-профил.