дома Македонија ПОРАКА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ОД НАРОДОТ: Не подлегнувајте на притисоци, народот е позади...

ПОРАКА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ОД НАРОДОТ: Не подлегнувајте на притисоци, народот е позади вас!

Македонци тука сме повторно да го поздравиме претседателот на Република Македонија и да му порачаме да не подлегнува на притисоците и да не подлегнува на манипулациите, како и на обидите на овој народ да се потцени, порача од пред канцеларијата на претседателот Иванов, Богдан Илиевски-член на иницијативата „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“.

-Ѓорге Иванов ќе продолжи да ги брани националните интереси на оваа земја бидејќи така и се заколна на денот кога стана наш претседател и нема да дозволи туѓи платформи да влезат во нашата земја, рече Илиевски.