дома Македонија Пораки од Фејсбук, маил и МСН на обв инети и роднини меѓу...

Пораки од Фејсбук, маил и МСН на обв инети и роднини меѓу доказите за „Монстр ум“

Вештаци од Секторот за дигитална форензика и комјутерски крими нал денеска во Крив ичниот суд сведочеа на рочиште за случајот „Мон струм“ кој сега е во рацете на СЈО и се суди од почеток.

Тие кажаа дека правеле вештачења ма компјутери одземени од 20-тина лица, обв инети во случајот и нивни роднини. Меѓу компјутерите одземени од об винетите, а кои биле вештачени, тие ги посочија оние на Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сејди Рами и Фејзи Азири.

Вештаците читаа какви податоци пронашле, односно текстуални фрагменти со податоци од комуникации од Фејсбук, маил и МСН.

Еден од вештаците појасни дека тие ја категоризираат само формата на комуникација, а не и содржината. Содржината на пораките, посочи тој, била проследена и до обвинителството и до судот.

Обвинителката Фатиме Фетаи посочи дека во тие вештачења има упатства како да се отвори содржината на пораки, а и потенцираше дека меѓу другото и врз основа на тие содржини е донесена претходната пресуда.

За пораките, најавија од СЈО, ќе се произнесат и во завршниот збор.

Следното рочиште судот го закажа за 10 декември кога треба да сведочат вештаци ба листичари и лека ри.

Фото: МИА