Поранешната германска амбасадорка: Бугарија и Македонија прво треба да се разберат дека не се разбираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гудрун Штајнакер, поранешна германска амбасадорка во Македонија и Црна Гора и поранешен заменик-амбасадор во Бугарија, вели дека Бугарија и Република Македонија прво треба да се разберат дека не се разбираат.

Штајнакер, во интервју за БНР, вели дека одлично ги знае аргументите на двете земји, но не сака да процени кој е во право, а кој не. Сепак, според нејзиното мислење, овој проблем сигурно нема да биде решен наскоро.

Позициите на Софија и Скопје се многу различни и наведува дека преговорите најверојатно ќе треба да се водат со посредство на трета земја.

Според германскиот дипломат, за Бугарија е важно да се бори сама со себе и да признае дека постојат разлики со Република Македонија и дека овие разлики нема наскоро да се надминат.

– Двете страни, во духот на Договорот за добрососедство, мора да признаат дека имаат значителни разлики, но работат на нивно надминување и постигнување заедничко решение. Ова ќе одземе време. Дотогаш, Бугарија не треба да се меша со почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, бидејќи во моментот се работеше само за почеток на преговарачкиот процес, вели таа.

Амбасадорката Штајнакер беше категорична дека ниту една земја нема да биде примена во ЕУ доколку има нерешено билатерално прашање. Оваа грешка еднаш ја направи Брисел со Кипар, но нема да се повтори. Според неа, Бугарија нема за што да се грижи доколку го поддржи почетокот на преговорите за членство меѓу ЕУ и Република Македонија. И овие преговори, рече таа, ќе траат „многу многу долго“, јави дописникот на МИА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This