дома Македонија ПОРАНЕШНИОТ АМБАСАДОР ВО САД: Власта е нетолepaнтна, се тyжaт новинари

ПОРАНЕШНИОТ АМБАСАДОР ВО САД: Власта е нетолepaнтна, се тyжaт новинари

„Мислам дека оваа власт како ниедна предходно не е толерантна кон критика и не прифаќа критика, било да се работи од медиумите или од останати чинители во општеството“, оцени во синоќешното гостување на ТВ Алфа , поранешниот амбасадор на Македонија во САД, Васко Наумовски.

Тој изрази загриженост дека тужбите од страна на владините претставници кон новинарите се директен притисок кон слободата на медиумите и тоа е една од областите или поглавјата за кои ние трпиме критики со години наназад.

„Сведоци сме дека се тужат новинари, но кога си на јавна функција треба да се воздржите од тужби кон новинарите, за она што се случува сега добро се запознаени амбасадите и останатите институции од меѓународната заедница и имаат сериозни забелешки за тоа„.