дома Свет Поранешниот крал на Шпанија ја напушти земјата по обиненијата за корупција

Поранешниот крал на Шпанија ја напушти земјата по обиненијата за корупција

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос ја напуштил Шпанија, откако пред неколку недели е поврзан со голем корупциски скандал.

Хуан Карлос, кој има 82 години, го најавил преселувањето во Понеделникот во писмо до неговиот син Фелипе, на кој му ја предал кралската круна пред шест години.

Поранешниот крал изјавил дека ќе биде достапен доколку обвинителите го повикаат за сведоштво.

Во Јуни, Врховниот Суд на Шпанија отвори истрага околу Хуан Карлос и неговата вмешаност во договор за железничка линија во Саудиска Арабија.

Шпанскиот весник Ел Паис изјави дека поранешниот крал ја напуштил земјата пред да биде јавно објавено писмото.Се сомневаат дека најверојатно е во Доминиканската Република.

„Ова е срамен излез за крал што еднаш беше лидер кој вешто ја изнесе Шпанија од диктаторство во демократија по смртта на Генерал Франко во 1975,“ изјавил кореспондентот на ББЦ Европа, Ник Биик.