March 28, 2024, 11:30 pm

ПОРАНЕШНИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ГОЛМАН ФИЛЕВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Унитарна Македонија ни е иднината на нас и нашите поколенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И поранешниот репрезентативен голман на македонската фудбалска репрезентација Антонио Филевски со поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

antonio-filevski

Тој вели дека е револтиран од водачите на Шарената револуција, а сега пратеници и од врхушката на опозициската партија. Тој е револтиран поради тепањето на полицајците, кои беа таму на работна задача, тој вели дека тие се бранители на државата, а беа напаѓани и со највулгарни зборови.
-Почитувани браќа и сестри, револтиран сум од водачите на шарените, а сега пратеници и од врхушката на СДС, во нивните изјави каде граѓанската иницијатива која е мирна и достоинствена ја нарекуваат фашистичка, црна, а нивната шарена револуција била демократска и демократско било нивното двегодишно малтретирање на обичниот народ, демократски било кршење, палење, фарбање на споменици, министерства, демократско било палење на канцеларија на претседател на држава како највисока институција и фигуративно бесење на претседателот, палење на знаме, демократски било брутален напад на полицијата со цевки, хебли, бекатон плочки, со што се повредени многу полицајци, полицајците само си беа на своето работно место заработувајќи си ја својата плата за однесат дома леб за своето семејство, своите деца, нападнати беа со највулгарни зборови и клетви да ви се повтори Диво насеље, а таму ни загинаа наши бранители, наши Македонци, кој го жртвуваа својот живот за нас, за Македонија, вели Филевски
Тој вели дека во Македонија никогаш немало поделби според вера и нација, но никако не може да прифати бинационална држава.
-И затоа го кревам мојот глас и јавно бунтувам против бинационална држава, ние спортистите сме играле, тренирале, туширале, јаделе, пиеле, спиеле, живееле заедно без поделби, немало поделби на вера, нација, секој си го употребувал својот јазик, со почит кон сите, но македонскиот јазик е нешто свето. Заедничка Македонија, унитарна Македонија ни е иднината на нас и нашите поколенија. Охридскиот рамковен договор ги даде сите права и привилигеии и секое малцинство, каде што според закон ги исполнува условите ги ужива сите права, но треба да се има и обврски, а обврски со почит кон својата држава Македонија, затоа што таа ни е заедничка, унитарна, а никако бинационална , завршува Филевски.
Инаку, Антонио Филевски кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, покрај настапи за репрезентацијата на Македонија, има и богата интернационална кариера, со настапи во Португалија за Рио Аве, во Белгија за Мехелен, во Србија за Железник и Обилиќ. Покрај Вардар во македонското првенство има настапувано и за Беласица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This